Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 август, 2020 11:20

Ќе ги отвори ли Грција конечно границите за македонските државјани?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Границите со соседна Грција и натаму остануваат затворени за сообраќај целосно до сабота, информираат од МВР.

– Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчките гранични премини ,,Дојрани“ и ,, Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.08.2020 (сабота), стои во соопштението на МВР.

Границите за влез во Грција и натаму затворени за македонските државјани. Дали ова лето јужниот сосед ќе дозволи Македонците да летуваат во некое од туристичките места во државата?

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.

Воедно од МВР информираат дека македонски и странски државјани при влез во земјава се должни да спроведуваат одредени мерки во периодот од 14 дена од влегување во земјава.

  • Почитување на одредбите за носење заштитна маска во затворен простор, а доколку се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри од друго лице маска не е задолжителна со внимателно избегнување на допирање на лицето со рацете;
  • Да се ограничат на минимум личните и професионални контакти со други лица од нивната околина и надвор од неа;
  • При евентуален контакт  со други лица задолжително е носење на заштитна маска;
  • Должни да се придржуваат кон упатствата за намалување на ризикот од пренесување на инфекцијата; 
  • Често миење на рацете или нивна дезинфекција;
  • Избегнување физички контакт и одржување на растојание од најмалку 1,5 – 2 метри при контакт лице-в-лице;
  • Да се избегнува користење на јавен градски и меѓуградски превоз; 
  • Мерење на телесна температурата наутро и доколку е поголема од 37,2 °C или ако лицето има симптоми (треска, отежнато дишење, сува надразнителна кашлица) го контактира телефонски својот матичен лекар или со сопствено возило и еден придружник се јавува на преглед во најблиската здравствена установа каде врз основа на клиничката слика се одлучува  за понатамошен третман. 
  • Доколку состојбата бара итна хоспитализација се повикува итна медицинска помош или со сопствено возило во придружба на еден член на семејството ја посетува  најблиската COVID болница, со претходна најава по телефон.
    • Давање на точни податоци на здравствените власти за престој надвор од Република Северна Македонија во претходниот период од 14 дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За реализација на овој план, однонсно создавање нов град со околу 10.000 жители била задолжена Агенцијата за просторно планирање.

Никола Груевски имал план за создавање нов град: Еве каде требало тој да се наоѓа

По 10 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ, веќе 4 години не е на власт. Во периодот на нивното...

Филипче за сите оние кои незнаат како оди тестирањето, објасни дека најпрво доколку се појават било акви симптоми треба да се консултира матичниот лекар.

Филипче најави набавка на брзи тестови кои за 15 минути детектираат ковид-19

Во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ министерот за здравство доц. д-р Венко...

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.

Позната здравствената состојба на војниците кои утринава беа повредени во сообраќајна незгода!

Во врска со сообраќајната незгода која се случи утринава во која странично се преврте...

Во гостувањето премиерот рече дека од големо значење е пријателскиот договор склучен со Бугарија и нагласи дека од неговиот бугарски колега, премиерот Бојко Борисов нема никаква закана ниту коментар кон Македонија.

Заев: Ако го присвојуваме Гоце Делчев, нема да го решиме проблемот со Бугарија!

Во вчерашното гостување во емисијата „Само интервју“, премиерот Зоран Заев рече дека...