Утре во 13 часот на плоштад „Македонија“ скопјани ќе се обидат да го урнат Гинисовиот рекорд и да направат најголема елка од луѓе.
Ваквиот настан во останатите земји во светот се одржува по волја на граѓаните,односно присуствуваат оние кои сакаат, но кај нас се врши притисок врз вработените и им се ветува слободен ден доколку утре дојдат на плоштадот.
Имено до сите вработени во Град Скопје било испратено соопштение за да се учествува во овој настан.
Вакво соопштение пристигнало и до вработените во сите училишта на територијата на Скопје а за да дојдат на настанот, понуден им е еден слободен ден од работа.
Во соопштението кое пристигналодо училиштата е посочено дека слободен ден ќе им биде 31-ви декември. Во соопштението пак до вработениете на Град Скопје стои дека тие може да си одберат кој слободен ден ќе го искористат.
Утре однсоно на (21.12.2019 година) во 13 часот на плоштад „Македонија“ Скопје и скопјани ќе се обидат да го урнат Гинисовиот рекорд за најголема елка во светот направена од луѓе.
Сите оние кои имаат желба и сакаат да бидат дел од обидот Скопје да влезе во Гинисова книга на рекорди треба да бидат на плоштадот во 13 часот.
Инаку во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, 2015 година со 4030 учесници.
Годинава овој настан е дел од Винтерленд и ќе биде збогатен со музичко забавно програма.
Воедно за утре и опозициската партија ВМРО ДПМНЕ има закажано народен собир.
Инаку присуството на правењето елка мора да биде пријавено кај претпоставените.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.