СДМС и ВМРО - ДПМНЕ ќе се обединат во име на „мирот и стабилноста“, криминалите ќе се простат, а ние ќе останеме исти како и до сега, поделени на „наши“ и „ваши“.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 20 февруари, 2020 11:11

Ќе дојдеме до ситуација кога ќе немаме избор

Фото/Текст извор: ©магазин

Темелот на едно општество се две сили кои се во постојана спрега и конфликт. Тензијата во општеството која ја создаваат тие две спреги се превтора во енергетска вредност и во движечка, прогресивна сила во општеството. Постојаните промени се должат токму на тоа која од двете конфликтни сили ќе преовладее. На политичката сцена во Македонија двете тежишта се политичките партии со најголемо членство и гласачко тело – СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ. До сега се покажа дека двете политички партии единствено ја заземаат власта и услов за трета опција и покрај напорните обиди се чини дека нема да постои.

До сега имавме јасна ситуација кога се во прашање стојалиштата на двете политички партии и токму поради тоа имавме избор. Ако стојалиштето на едните не ни се допаѓаше секогаш можевме да се приклониме кон стојалиштето на другите. Но во последен период ако внимателно ги следиме изјавите на раководството на ВМРО – ДПМНЕ особено изјавите за медиуми што ги дава Мицковски или неговиот заменик Александар Николовски ќе забележите исклучително „мек пристап“.

Мицковски изјави дека нема да создава нова реалност кога е во прашање укинување на „Преспанскиот договор“

Како што клекна на коленици пред слоганот „Македонија ќе победи“ сега вешто се извлекува од улогата на укинувач на договорот од Преспа, тој не би да создава нова реалност кога е во прашање договорот.

Во изјава за медиуми на прашање за „Преспанскиот договор“ и идните заложби на ВМРО – ДПМНЕ за укинување на истиот, Мицковски даде збунувачки, дипломатски одговор, но и сосема нејасен за позицијата на ВМРО – ДПМНЕ околку договорот. Имено тој истакна дека реалноста е таква каква што е со договорот од Преспа и дека тие нова реалност нема да создаваат и тоа го истакна како најсилна разлика со СДСМ. Покрај тоа Мицковски изјави и дека ВМРО-ДПМНЕ својот став како партија за промена на името го искажала уште кога се случувал процесот на потпишување на договорот и промената на уставното име. Секој што може транстекстуално да анализира ќе види дека во изјавата на Мицковски стои дека – тие како партија се против договорот од Преспа како што биле против но дека за поништување на договорот и создавање на нова реалност нема да се ангажираат. Договорот од Преспа нема да се укине, Македонија нема да го врати претходното уставно име, само е важно што ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе може да го посочува Заев како виновник за придавката „Северна“ и на таа сметка да собира гласачки симпатии без при тоа да направи нешто за укинување на таа придавка.

Заменикот на Мицковски, Александар Николовски изјави дека се подготвени да стават крај на политичката криза и да соработуваат со СДСМ

Во изјава за „Утрински брифинг“ за „Слободна ТВ“ заменикот на Мицковски, Александар Николовски посочи дека единствениот начин да се излезе од политичката криза е да се почне со соработка со СДСМ и да се омекнат страстите на народот. Покрај тоа, тој истакна и дека „бомбите“ кои биле причина за создавање на политичка криза треба да се минато и да се спуштат копјата кон СДСМ. Ова изјава нема да им биде јасна само на оние кои од пристрасност не би сакале да ја согледаат вистината. Николовски јасно посочува дека сите „бомби“ кои ги чуваше ВМРО-ДПМНЕ а го откриваат криминалот на партиското раководство во СДСМ нема да се емитуваат во јавноста и дека подготвеноста за соработка со СДСМ може и да значи широка коалиција. ВМРО –ДПМНЕ се откажува од гонење на криминалот на СДСМ и е подготвено да соработува со истите криминалци во име на „мирот и стабилноста во Македонија“. Се чини дека состојбите одат кон департизација во носењето на одлуки и поголем суверенитет на пратениците во носење на одлуките. Со тоа ќе се постигне полесен начин на изнуда на гласови и подмитување на поединци-пратеници и разидување помеѓу официјалниот партиски став и ставот на поединечниот пратеник во име на внатрепартиската

Тој би сакал да ја прекине политичката криза предизвикана од „бомбите“ и да почне соработка со СДСМ заради обезбедување на мирот и стабилноста на Македонија.

демократија.

Сепак треба да се потсетиме дека пратениците ние не ги избираме поединечно туку како пратенички листи предложени од страна на една партија. Нелогично е пратеничките мислења да се спротивни од официјалните партиски бидејќи како гласачи ја гласаме пратеничката листа на политичката партија, ниту сами предлагаме пратеници, ниту имаме избирачка слобода од листата да избереме едни а да не избереме други.

За кратко време ќе имаме сосема поинаков пристап во политиката, сосема поинаков јавен дискурс, многу партиски крила и во едната и во другата партија, нема да имаме извесност каква одлука ќе се донесе бидејќи ниту самата политичка партија не би имала гараница за тоа како ќе одлучуваат пратениците. Сите тие ќе живеат во мир и единство, исполнувајќи ги нивните мисии кои им се зададени од таму некаде „горе“ ќе се богатат на сметка на народот и заедницата и ќе ни кажуваат гачки.

А ние, ние ќе останеме да бидеме мали и расипани, поделени на едни и други, на наши и на ваши, ќе ја колнеме козата на комшијата ако дава повеќе млеко, нема да зборуваме со пола фамилија заради политика и без никаква свест и реакција ќе оставаме простор политичката елита да се изживува над нас. Тоа е затоа што од политика ние немаме ништо друго освен политиканство, немаме политичка свест, немаме волја за толкување на политички одлуки, не користиме форми на непосредна демократија, се плашиме да говориме јавно и слободно и се продаваме многу лесно. Нас може секој да не купи и тоа за многу ефтини пари.

Автор: Стојмановиќ Магдалена

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Во Европа, ама и на Балканот неможеме да влеземе во ниту една држава, толку демек сме биле заразени – ама за на избори сме си биле таман!!!

МИЛЕНКО: Ако ЗАЕВ дојде повторно на власт, МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ЈА ИМА ЗА 4 ГОДИНИ

Ги возиме последните метри од Македонското рели наречено Антифашистичка борба за...

Очекувам Судот да ја почувствува сугестијата на фактите и доказите кои ги изнесе и докажа Јавниот Обвинител.

МАЈКАТА НА ПИНО СЕКОНДО: Денеска во судницата во Скопје, повторно беше убиен мојот син!

Сакам со јавноста да споделам и пренесам порака, каква одлука и казна очекувам по завршеното...

Како тоа да не беше доволно, слушнавме дека црногорски бизнисмен од Русија на Зоран Заев и генескот на владата Рашковски им исплатил 300.000 евра и “им дал 2.000 квадрати“, секако не без интерес, друже Зоки како премиер да му ги врати барем петодупло. Им платил со пари од Русија.

ЛАТАС: Зоран Заев од обвинителите и судиите создаде партали за бришење патос по патот на својата корупција и кариера

За корупцијата на власта веќе не зборува само опозицијата туку и оние кои се во самата...