Македонија
Вести
Управниот суд до доцна во ноќта расправаше по тужбите на одлуките на Државната изборна комисија – ДИК за неколку избирачки места поднесени од коалицијата Европски фротн. Од судот соопштија за шест одлуки според кои тужбите се отфрлени како неосновани, а тоа значи, согласно одлуките на ДИК, дека ќе има прегласување на конкретни избирачки места.
По полноќ коалицијата Вреди ги поздрави одлуките на Управниот суд и повика на масовна излезност на граѓаните на повторено гласање на избирачкото место каде коалицијата, во зависност од исходот на гласањето, може да добие уште еден пратеник.
„Одлуката на Управниот суд е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај. Оваа одлука уште еднаш докажува дека надежта за граѓаните во државата доаѓа, а манипулациите и криминалот на оваа хибридна моќ паѓаат.
Промената започната на 8 мај почна да се реализира, но за да биде уште побрза и поефикасна, ги повикуваме граѓаните на Ларце, на избирачкото место 2101 во среда, 22 мај да излезат и да ја изразат својата волја, слободно, без да потклекнат на притисоците на ДУИ и нејзините манипулатори.
Промена е неповратна. Вреди за Желино и за секој граѓанин во нашата земја“, се вели во соопштението на коалицијата Вреди.
Инаку, Европскиот фронт имаше поднесено седум тужби на одлуките на ДИК, а Управниот суд беше ограничен со роковите за нивно решавање.
Види и ова:
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.