Тоа го тврди пратеникот Богоевски кој вчера на социјалните мрежи се огласи дека снимката е од пред неколку месеци, а ја направил таксист.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 мај, 2019 10:52

Ќе настрада ли таксистот кој Богоевски тврди дека го снимал?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Бомбата“ која пред два дена осамна на руска социјална мрежа од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски, всушност ја направил таксист.

Богоевски е пратеник и беше лидер на Шарена Револуција

Тоа го тврди пратеникот Богоевски кој вчера на социјалните мрежи се огласи дека снимката е од пред неколку месеци, а ја направил таксист.

– Снимката која се појави на руски социјални мрежи како наводно нарачувам кокаин а всушност масло од канабис е стара неколку месеци и е направена од скопски таксист кој ме снимал додека зборувам на мобилен телефон.

Од утре случајот на Павле Богоевски го презема Јавното обвинителство на Скопје, а предмет на истрага според порталот СДК, ќе биде исто така и таксистот кој возејќи го Богоевски, неовластено го снимал неговиот телефонски разговор.

Инаку Павле Богоевски ја напуштил полициската станица Беко триесетина минути по полноќ, откако предходно самиот се пријавил во полиција дека по телефон нарачувал масло од канабис а дека разговорот го снимил таксист.

Според законот на таксистот му се заканува казна од 5 години затвор, доколку се докаже дека тоа го сторил тој. За неовластено снимање на граѓани пропишана е затворска казна од 5 години.

Извори на порталот СДК, тврдат дека случајот бил ургентен и оти лицето што неовластено снимало треба МВР веднаш да го најде и обвинител.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...