ВМРО - ДПМНЕ синоќа скоро во идентично време додека во Владата траеше дебатата за уставните измени, го одржа својот втор протестен марш, на кој говореше претседателот Мицкоски

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 9:06

Ќе платите и за името, и за „искомплексирана нација“, и за лагите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Синоќа се одржа вториот протестен марш на опозиционата ВМРО – ДПМНЕ, од каде најавија дека демонстрации пред објектот на Владата на Македонија ќе организираат секоја среда.

Говорник беше само претседателот Христијан Мицкоски, кој истакна дека се пред платото на Владата на Република Македонија, да го изразат револтот и несогласување со сите овие корупциски скандали, со сите овие погрешни политики кои ненародната и корумпирана влада предводена од аболиран политичар ги прави во Македонија.

Време е да кажеме доста на она што на Македонија и го прави оваа Влада. – посочи Христијан Мицкоски, пред насобраниот народ пред Владата на Македонија, искажувајќи го револтот од работењето на власта и одлуките кои таа ги носи.

Тој им се заблагодари на, како што самиот кажа, најхрабрите што се одважиле и минатата среда, но и оваа среда, како и секоја наредна среда и четврток и петок, понеделник, вторник да излезат на платото ред владата или низ улиците низ земјата, да се мобилизираат и да и го нанесат на сегашната владаннајтешкиот пораз во историјата на Македонија.

Ги поздрави и оние кои се дома, не можат да дојдат поради притисоците и заканите од страна на функционери поставени од оваа влада.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа беше единствениот говорник на протесниот марш пред владата, охрабрувајќи ги истомислениците да им се придружат.

Тие не можат да дојдат, но со нивните срца се со нас. – рече Мицкоски, додавајќи:

Претреси им прават на нашите браќа, нашите поддржувачи, им упаѓаа во пет саат дома, да најдат една петарда и да ги малтретираат цел ден во полициска станица. Доста е! Ќе ве победиме жестоко. Тоа ќе го видите на следните претседателски избори.

Тој посочи дека се очекува од државата да обезбеди сигурност, економски развој, подобар стандард, вработување за секој млад човек, полни паркови и насмејани лица во следната 2019 година.

Ако тоа не ни го овозможи оваа влада ќе ја смениме. Ќе донесеме друга влада, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, ви ветувам и сето ова ќе го исполниме. Сонот на сите граѓани е да ги гледа своите најблиски, роднини, соседи, среќни, насмеани и весели. Луѓето стануваат се поразочарани гледајќи дека нема иднина, дека овие што се во оваа зграда не можат да понудат ништо за подобар живот.

Гледаме само црнила. Ќе речете од каде црнила?! Зар има нешто поразлично од црнила од она што и се случува на Македонија.

Зар има нешто да издвоиме и да речеме, добро е, тргна работата. Нема! Доста е! Веднаш да заминете. А првиот знак, вистинското место каде припаѓате ќе ви го покаже народот на следните претседателски избори. А тоа место е буниште. – рече Мицкоски.

Мицкоски посочи и на актуелните случувања.

Мицкоски истакна дека власта на СДСМ и премиерот Заев за една година владеење ја предадоа нацијата, името, излажаа, и на крај дозволи народот да биде наречен искомплексиран, посочувајќи дека секој збор боли и дека се ќе биде наплатено на следните избори.

Оваа власт ќе ве убедува дека поразот не бил пораз, туку триумф. Ќе ве убедуваат со плукање кон мене, а не гледаат дека народот си оди. Слепи се за целиот криминал, за целиот грабеж, за сите договорени судски случаи, за целокупниот прогон. И додека тоа се случува, без срам и перде ја прекрстуваат нашата земја. Овој народ нема никогаш да го прифати тоа, и тоа ви го покажа на референдумот.

Ви кажаа дека не се за менување на името, а вие тргнавте да го прекстите народот, да им го земете идентитетот. И тоа не ви беше доволно, па ја крстивте нација со комплекси.  Замислете, излезе човекот кој зема плата од нас, кој денеска ги користи сите привилегии и ни рече дека сме биле искомплексирана нација. Не сме ние господине Димитров нација со комплекси, туку со цел и достоинство, и ти ветувам дека еден ден ќе се извиниш за ова што го кажа. – рече Мицкоски кој се осврна и на последните случувања околу прислушувањето, напоменувајќи дека нема да помогне тоа што се обидуваат да ја обвинат власта.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ воедно порача дека е време целиот македонски народ да им се приклучи кон протестите.

Лебот ни го покачија, ни ја земаа честа и достоинството, вода нема никаде чиста, воздухот е се потежок за дишење. Ќе го платите и лебот, и воздухот, и чистата вода, и сите лаги. Ќе платите и за името, и за зборовите искомплексирана нација, и за прислушувањето. Ги повикувам сите да ни се приклучат сите на протестите, да ставиме крај на ова владеење на власта. Борбата ќе биде тешка и нерамноправна, меѓутоа ќе се бориме до крај. – истакна Мицкоски пред Владата.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Претседателот Иванов јасно го повтори својот став, НАТО и ЕУ интеграциите никогаш не биле доведени во прашање, штетниот Преспански договор е она што е камен кочничар

Иванов му одржа “лекција” и на заменик државиот секретар на САД

Претседателот Ѓорге Иванов, синоќа го прими Џон Саливан, заменик државен секретар...

Пропадна најавата дека државата конечно ќе добие квалитетно тело за борба против корупцијата, ни по 9 месеци СДСМ и ДУИ не се подготвени за транспаремтно работење

Обидот за формирање антикорупциска ги скара ДУИ и СДСМ

Кога државата не може цела година да формира состав на Комисијата за борба со корупцијата...

Зијадин Села, Сурија Рашиди и Горан Милевски се единствените пратеници кои не го поддржаа Законот за амнестија како резултат на комисијата за национално помирување

Три пратеници против законот за амнестија

Експресното гласање на Законот за амнестија во Законодавниот дом покажа дека полека...

Во акцијата на МВР останува отворено прашањето како во рок од два месеци во Македонија без санкции била внесена марихуаната од Албанија, а била наменета за Турција

Половина тон марихуана шверцувани во камионска приколка

Во координирана полициска акција на Граничниот премиер Богородица, запленети над...