Според тоа се очекува свој празник во Република Македонија да добијат и Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Еѓипќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 мај, 2019 12:00

Ќе се воведат 10 нови неработни денови во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Попредлог од група пратеници за измена и дополнување на Законот за празниците на Република Македонија, ќе се решава дали ќе се воведат десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“.

Според тоа се очекува свој празник во Република Македонија да добијат и Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Еѓипќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија.

Наспроти ова, група пратеници предлагаат и промена на законот во закон за празниците на Република Северна Македонија.

Се очекуваат уте 10 нови празници во Македонија

Врз основа на податоците во последниот попис во Македонија живеат  припадници на етничките заедници на Египќаните, Црногорците, Хрватите, Словенците, Полјаците, Унгарците, Украниците, Русите, Ерменците, Бугарите и Грците, и тоа е целта на овој предлог за измена на законот за празници и воведвањето на уште 10 нови. 

Според групата пратеници, предложувачи на овој закон, доколку се прифати овој предлог и се воведат овие празници, ќе се укине дискриминацијата и исклучувањето што го генерира Законот врз припадниците на заедниците кои се познати како „другите“ од Преамбулата. 

Како што пишува порталот Плус Инфо, предложено е неработени да бидат 8 февруари, ден на словенската култура, за припадниците на словенечката заедница.

– 15 март, национален ден Унгарците, за припадниците на унгарската заедница.

– 3 мај, национален ден на Пољаците, за припадниците на полската заедница.

–  24 јуни, меѓународен ден на Балканските Египќани, за припадниците на египќанската заедница.

– 25 јуни, национален ден на Хрватите, за припадниците на хрватската заедница.

– 13 јули, национален ден на Црна Гора, за припадниците на црногорската заедница.

– 21 септември, национален ден на Ерменците, за припадниците на ерменската заедница.

– 22 септември, ден на независноста на Бугарија, за припадниците на бугарската заедница.

– 28 октомври, ден на независноста на Грција, за припадниците на грчката заедница.

– 4 ноември, национален ден на Русите, за припадниците на руската заедница.

 

Извор: plusinfo.mk

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.