
Македонија
Референдум
Државната изборна комисија, годинава со чудна пракса, од предвидените три прес конференции, организираше дополнителни две, мотивирачки кон поголема излезеност во контекст на професионализмот или партиски притисок.
Претседателот на ДИК штотуку изјави дека за 2 часа излезеноста на електоратот во Македонија на национални ниво се искачил од 16% на 22.5% што е 6.5% разлика.
Како веќе е јасно дека исполнувањето на цензусот е мислена именка, сосема е извесно дека СДСМ и ДУИ ќе го реализираат планот “Б” на Заев и ќе се обидат, со стимулирање на членството и граѓаните или со полнење кутии да ја достигнат или надминат бројката до 35%. што би значело излезеност од околу 650.000 гласачи.
Како јавуваат колегите од терен во општините со мнозинско албанско етничко малцинство, веќе започнаа активности пред акција за масовно полнење на гласачки кутии, како во текот на денот, токму во општините каде од албанското етничко малцинство и имаше најмал бројот на излезени гласачи.
Кон ова оди во прилог и пријавата на инциденти кога членови на избирачки комисии кинеле и до 33 гласачки ливчиња на кои им се губи трагата.
Дел од порталите веќе најавија ексклузивни информации за полнење на гласачки кутии во скопските општини Сарај и Чаир.
магазин.мк веќе го објави планот “Б” на Заев и Ахмети со кој поразот ќе се обидат да го прикажат како успех на мнозинството.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.