Викенд под маски-започнува Вевчанскиот карневал

Објавил: Сања Кукиќ | 11 јануари, 2019 15:30

Ќе се скрие ли утре Заев под ,,маска” ?!

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Вевчанскиот карневал е најдобра можност да се избега од секојдневието и од реалноста. Ќе му биде ли потребна маската на Заев да се задскрие од соочувањето со граѓаните?

Како и да е тој е добредојден на Вевчанскиот карневал кој започнува утре.

Вевчански карневал — еден од најпознатите настани во Вевчани е Вевчанскиот карневал. Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но сепак во последните години во организација на Општината и Министерството за култура, се воведува ред во овој инаку хаотичен вонвременски настан.

Со изложба на уметнички фотографии „Маски и асоцијации“ од авторот Анастас Ќушкоски утре, 12-ти јануари, започнува програмата на годинешниот Карневал во Вевчани. Музичката програма оваа вечер ќе биде отворена со настапот на рок групата Културно Уметнички Работници, по што ќе следи настапот на македонскиот музички великан, групата Архангел. Истата вечер, Вевчани ќе биде домаќин и на регионалната музичка легенда Ненад Милосављевиќ познат како НЕША ГАЛИЈА, фронтменот на славната група „Галија“, а за позитивната енергија во завршницата на првиот карневалски ден ќе се погрижи Диџеј Рутбој.

Во недела, на 13-ти јануари, попладнето е традиционално резервирано за карневалската поворка на која вевчанските василичари за прв пат ќе ги претстават годинашните маски. Вечерта пак, во пресрет на дочекот на Новата година по стариот календар, посетителите ќе имаат прилика да слушнат повеќе етно-состави, меѓу кои и БАКЛАВА.

Следниот ден, на 14-ти јануари е традиционалното палење на маските.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

-Не само што ќе излеземе на претседателски избори, туку и бараме предвремени парламентари избори, за да се стави крај на манипулациите и лагите на владата предводена од СДСМ.

Јанушев : “Нема да ги бојкотираме претседателските избори”

Игор Јанушев генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ  синоќа гостуваше на телевизија...