ЦЕЛТА Е ДА СЕ ОДБРАНИ ТИТУЛАТА!!

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 јуни, 2019 20:17

ЌЕ СЕ ФОРМИРА МОЌЕН ТИМ: БРАЗИЛСКИОТ „СНАЈПЕР“ ПРЕД ПОТПИС СО ВАРДАР!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Еден од најдобрите бразилски ракометари, Хозе Толедо, во наредните денови треба и официјално да стави потпис на договорот со Вардар.

Пред само неколку месеци „црни“ беа сценаријата за Вардар, а сега сликата е сосема поинаква. „Црвено-црните“ се актуелни европски шампиони, а во новата сезона ќе влезат со најголеми амбиции – одбрана на тронот.

Потврда на оваа констатација е информацијата дека Толедо, десниот бек на Висла Плоцк е во завршни преговори со раководството на македонскиот шампион.

Пополнувањето на ростерот на европскиот шампион Вардар за следната сезона продолжува. Ново име во редовите на „црвено-црните“, по се изгледа, ќе биде Бразилецот Хозе Толедо, кој сезоната ја заврши како член на екипата на Висла Плок.

Толедо е 25 годишен ракометар кој е исклучително висок (193cм), а од голема помош за Вардар би бил во одбраната која е негова специјалност во играта.

Покрај играта во дефанзива, Толедо располага и со разорен удар, а „кариоката“ особено се истакна на јануарскиот Мундијал во Германија каде беше најдобриот играч на Бразил.

Доколку дојде до официјална реализација на овој трансфер, Толедо ќе биде третото засилување за европскиот шампион. Веќе се официјализирани доаѓањата на Русите, Павел Атман и Сергеј Горпишин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вториот дел игравме далеку подобро и со реализација во финишот, па сигурно сум пресреќен со победата против тим како Монпеље“ – истакна Писонеро по мечот.

Вардар го ПРЕЗГАЗИ француски Монпелје и тргна по нов европски трофеј!

Европскиот шампион и првак Вардар, со победа ја започна новата сезона во Лигата на...

– Се надевам дека ова е почеток на трајна соработка помеѓу Монако и „Бет Сити“ и имаме за цел да ги здружиме нашите сили за да придонесеме за развој и унапредување на фудбалот во двете земји.

Сергеј Самсоненко постана официјален спонзор на францускиот прволигаш МОНАКО!

Компанијата на рускиот милијардер Сергеј Самсоненко „Бет Сити“, потпиша двегодишен...

Стартува приоритетната продажба на билетите за новата натпреварувачка сезона на двоjниот европски шампион. На повеќе од 45 денови од првиот домашен натпревар во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите во ЛШ, против Порто од Португалија продажбата на сезонските билети за сезоната 2019/2020, годинава ќе почне во среда, 7 август и ќе трае до 9 септември 2019.

Утре започнува продажбата на сезонски билети за мечевите на РК Вардар

Продажбата на сезонските билети и годинава ќе се реализираат во две фази, и тоа од...