Имено Талат Џафери веќе упатил формално барање до четирите најголеми партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса на Албанците за писмено да достават согласност за разрешувањето на Јанева, според Законот. Досега формална писмена согласност е добиена само од ДУИ и Алијанса на Албанците.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 септември, 2019 17:12

Џафери: Доколку се постигне договор вечерва, уште утре ќе има седница за разрешување на Јанева

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, мора да биде разрешена најдоцна до 15 септември иако се зависи од исходот на вечерашната средба закажана за 20 часот помеѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери потенцираше дека доколку има договор, седниците би можеле да бидат закажани уште утре.

Џафери истакна дека ако има договор на лидерската, утре седница за разрешување на Јанева

Џафери потенцираше дека мора да се почитува рокот до 15 септември за разрешување на Јанева.

Во 20 часот ќе се одржи лидерска средба помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата овде во Собранието и очигледно процедурално имајќи предвид дека тоа е најавено, како Собрание, сметам дека треба да се даде можност на лидерите да дојдат до конечно прифатливо решение за сите страни и во тој контекст ќе биде резултатот во однос на обврската за седницата. Во секој случај ќе почекаме како ќе завршат разговорите а од утре натаму не е спорно во кој било момент да се одржи седница за разрешување на Јанева, изјави Џафери.

Имено Талат Џафери веќе упатил формално барање до четирите најголеми партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса на Албанците за писмено да достават согласност за разрешувањето на Јанева, според Законот. Досега формална писмена согласност е добиена само од ДУИ и Алијанса на Албанците.

– Во четвртокот заврши комисиската расправа во однос на иницијативата на Советот на јавни обвинители во однос на барањето за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева. Обврска на Собранието е да расправа и според закон со двотретинско мнозинство и плус Бадентеровото гласање да се потврди предлогот на Комисијата за разрешување и истиот да се врати на усвојување на Советот на јавни обвинители. Во четвртокот попладне упатив писмо до четирите најголеми политички партии онака како што налага Законот за специјалното јавно обвинителство, за да написмено да ми достават согласност кон пристапување за утврдување предлог одлука за разрешување на Јанева, рече претседателот на Собранието.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Висината, сумата на надоместокот не се открива бидејќи е службена тајна и се исплатува врз основа на доверливи договори потпишани со сите чија задача е преслушување на бомбите, односно нелегално снимените телефонски разговори.

КОД открива: Јанева земала плата од 105.000 денари плус таен надоместок, Јовевски 80 илјади денари

Шокантни детали откива емисијата „Код“ за специјалните јавни обвинители, кои добивале...

Во Кавадарци не издржала ниту 2 часа, а во Неготино целосно исчезнала за 24 часа, а за Прилеп до сега нема информација дали револтираните граѓани извршиле герилска акција.

Двојазични табли во Неготино, Кавадарци и Прилеп – ВЕТУВАЊЕТО НА ЗАЕВ НЕ ВАЖИ!

Покрај Неготино, двојазичните табли биле поставени на Фондовите за пензиско и инвалидско...