а дебата, има надлежни институции кои треба да постапуваат со сила на закон“, посочи Џафери!

Објавил: Стојче Бушин | 11 август, 2020 18:48

Џафери за ТВ21: Неуставно е доделување на мандат без да биде избран претседател на Собрание

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „10 МИНУТИ“ на ТВ21 истакна дека според Деловникот, неуставно е доделувањето на мандат без да има избран претседател на Собрание!

„Неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен.

Неовластен човек не може да ги информира пратениците. Ова е форма пропишана во Деловникот. Секој процес кој може да започне, може да го стави под знак прашалник целиот изборен процес кој заврши. Ако некому му одговара тоа да го направи врз оваа основа, нека повели и нека го направи. Јас нема да бидам дел од натамошната јавна дебата, има надлежни институции кои треба да постапуваат со сила на закон“, посочи Џафери!

Тој смета дека Уставниот закон треба да биде институција која превентивно ќе постапува во однос на оваа дилема.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Сакам да упатам јасно порака за смирување дека финансирањето на дефицитот и на кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено, дури ќе обезбедиме и бафер за евентуални нови шокови од пандемијата.

Бесими: Финансирањето на дефицитот и на кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено

Финансирањето на дефицитот и кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде...

Заев се извинил за тоа што во нелегално сниманите разговори кои беа објавени во изборната кампања ги нарекува албанците пет пари, откри вечерва лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за ТВ21!

Ахмети: Заев се извини за тоа што ги нарече албанците дека не вредат 5 пари

„Заедно сме направиле многу работи и партнерството со СДСМ треба да продолжи“, рече...

Причината зошто Таравари овие преговори ги нарекува театар, е како што вели, СДСМ се срами да биде во влада со ДУИ, а од друга страна, интегративците ветија дека ќе има премиер Албанец, но сега прифатија да влезат во влада без исполнување на ова ветување, тврди Таравари.

ТАРАВАРИ: Поддржуваме премиер Албанец само ако има четири годишен мандат

Поддржуваме премиер Албанец само ако има четири годишен мандат. А сите овие разговори...