На денешната прес-конференција Џафери, обраќајќи им се на граѓаните по вчерашното распуштање на Парламентот и распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април, рече дека лидерите решија да го вратат мандатот кај народот, а обврска на институциите е да обезбедат услови за спроведување на фер, слободни и демократски избори на кои народот ќе го искористи своето демократско граѓанско право и обврска.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 февруари, 2020 11:46

Џафери: Лидерите на партиите решија мандатот да го вратат кај народот, следуваат фер и демократски избори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера беше изгласан законот за ЈО, претседателот на Собранието Талат Џафери  го потпиша и решението за предвремените избори закажани за 12 април, по што седница одржа и Државната изборна комисија.

На денешната прес-конференција Џафери, обраќајќи им се на граѓаните по вчерашното распуштање на Парламентот и распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април, рече дека лидерите решија да го вратат мандатот кај народот, а обврска на институциите е да обезбедат услови за спроведување на фер, слободни и демократски избори на кои народот ќе го искористи своето демократско граѓанско право и обврска.

– Апелирам до сите учесници во овој изборен процес – политички партии, партиски членови, членови на избирачките одбори и општинските изборни комисии и најважно од се медиумите да бидат на висина на својата задача да придонесат изборниот ден да биде свечен и да биде уште еден позитивен прилог во извештајот за напредокот на земјата што треба да биде објавен во март со што ќе дадеме свој значаен удел во позитивниот исход на Самитот во Загреб и да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, изјави Џафери на прес-конференцијата која е во тек.

Џафери упати апел до медиумите да бидат на висина на својата задача.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Османи истакна дека ваквата помош е од големо значење за Македонија особено во овој моменто кога бројот на заразени од Коронавирус во земјава постојано расте.

Сијарто во работна посета на Македонија- со себе донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Денеска на скопскиот аеросром вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи...

Трамп рече дека падот на бројот на загинати во Њујорк „може да биде добар знак“ и индикација дека Американците почнуваат да гледаат „светло на крајот од тунелот“.

ТРАМП: Гледаме светло на крајот на тунелот- Лекарите убедени дека следува најтешката недела во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изрази надеж дека е направено балансирање...