Ние скоро две години работиме со Владата и двете министерства. Намерата не е ние да докажуваме дека сме апсолутно издвоени од целиот систем, туку да се има координација и самостојност при одлучувањето во односните општи правила кои што се пропишани со системскиот закон.

Објавил: Сара Фемина | 17 јануари, 2020 10:14

ЏАФЕРИ: Со законот за државни и јавни службеници имаме обединет систем на државната служба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“ вели дека и претходните парламентарни состави се обидувале, но тие немале општ систем на регулација на државните службеници, на предусловите за прием, за унапредување, значи немало систем воопшто, како целина.

Во интервјуто Џафери вели сега со законот за државни и јавни службеници имаат обединет систем на државната служба и онаму каде што има специфични форми се доуредува како што е случај со Собранието.

„Ние скоро две години работиме со Владата и двете министерства. Намерата не е ние да докажуваме дека сме апсолутно издвоени од целиот систем, туку да се има координација и самостојност при одлучувањето во односните општи правила кои што се пропишани со системскиот закон. Врз база на тие аргументи успеавме да ги решиме овие проблеми“, вели Џафери.

Идејата за собраниско обезбедување постои и ние активно работиме и на тој дел околу осамостојување на Собранието, но имајќи предвид на специфичноста и овластувањето кое што го има обезбедувањето и фактот дека сега за сега тие доаѓаат од Министерството за внатрешни работи и се ставени под капа на Собранието, според мене проблемот во функционирањето на внатрешното обезбедување е во дуалноста на наредбодавните овластувања кои што ги има претседателот на Собранието и министерот за внатрешни работи или раководителот на секторот за обезбедување на лица и објекти“, вели Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Не знам, тоа ќе видиме како ќе биде текот на кампањата. Ние како МВР располагаме со оперативни информации дека одредени криминални структури ќе бидат искористени за вршење поткуп и притисок да се гласа, меѓутоа работиме на терен“, рече Чулев.

Чулев: Имаме информации дека криминални структури ќе вршат поткуп и притисок врз гласачи

Во вчерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија министерот...

Шекеринска за снимките на екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев кои денеска излегоа на јутјуб рече дека таа и слушала и гледала снимки и дека карактеристика било тоа што таа што ја гледаш не можеш да ја чуеш и обратно.

ШЕЌЕРИНСКА: ВМРО-ДПМНЕ освен национализам и фејк њуз 3 години ништо не им понуди на граѓаните

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Радмила Шекеринска и Александар Николоски. Шекеринска...

Тој изјави дека капацитети во болниците кои згрижуваат пациенти со Ковид-19 има, а поголем предизвик претставува кадарот. Според него, во Скопје има 26 специјалисти по инфективна медицина, и уште толку низ другите градови низ Македонија.

Филипче: Покажавме дека здравствениот систем функционира и може да му се верува

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „Само...

Министерот Филипче упати апел до граѓаните дека со одговорното однесување ќе им се помогне и на лекарите и на медицинските сестри.

Филипче: Горд сум на здравствените работници, се мобилизиравме за најголемиот здравствен предизвик досега

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување на ТВ21 истакна...