Тој ја потсети јавноста дека пратениците доаѓаат од различни места во државата и дека ги претставуваат гласачите од изборните единици од кои доаѓаат, па токму поради тоа мора да им се обезбедат нормални услови за работа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 септември, 2020 17:11

Џафери: Ќе предложам пратениците да одат на работа со тротинет!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешниот брифинг со новинарите, претседателот на Собранието, Талат Џафери, истакна дека доколку Владата достави законски измени за кратење на трошоците на пратениците, тој самиот ќе предложи да се откажат службените возила. 

Според Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица, на пратеник во Собранието, претседателот, потпретседателот и членовите на Владата, им се обезбедува бесплатен превоз во железничкиот и патниот сообраќај во Републиката во сите правци.

Тој ја потсети јавноста дека пратениците доаѓаат од различни места во државата и дека ги претставуваат гласачите од изборните единици од кои доаѓаат, па токму поради тоа мора да им се обезбедат нормални услови за работа.

„Очекувам да не добијам таков предлог од Владата, а поединечно не очекувам некој да се откаже од тоа право што е регулирано со Уставот.
Ако добијам таков предлог од Владата, јас ќе поднесам предлог сите да се откажат од службените возила и да одат на работа со тротинет. Па, ќе направиме карикатура од државата. Или ќе правиме држава или ќе си поигруваме со популистички политики кои ни носат дневни поени.Јас повикувам на разум. Овие 120 пратеници се избрани од граѓаните и треба да имаат соодветен статус, а не да се прави карикатура од нив и да се преставуваат како најголемо зло“, рече Џафери.

За потсетување, во февруари годинава, во анализата на Државната комисија за спречување на корупцијата, која ги прибирала податоците анализирајќи ги анкетните листови за имотната состојба на пратениците било посочено дека дваесет и тројца пратеници вршеле злоупотреба на функцијата, однсоно имале сопствени станови во Скопје или станови на име на членови на нивното потесно семејство, а сепак примале надоместоци за да користат автомобил во лична сопственост за да доаѓаат и да си одат од работа од местото на живеење до Собранието.

Во оваа анализа, било пресметано колку пари потрошиле пратениците во периодот од 2015 до 2019 година за патни трошоци за користење автомобил во лична сопственост за доаѓање и враќање од работа. Во овој период, на пратениците им биле исплатени вкупно 178.079.681 денари, или 2,8 милиони евра.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...