Се ова е на нашите предци, на нас сегашниве, на идните генерации, на идните поколенија, современа и културна држава за сите граѓани што живеат во неа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 јануари, 2021 19:53

Џеват Исени до Албанците: Не се правете патриоти дека не го знаете Македонскиот јазик, ова е вашата татковина!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Џеват Исеини, кој е член на СДСМ, а кој своевремено беше претседател на Одборот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, но потоа беше разрешен заради спорна фотографија која ја објави на својот профил на социјалните мрежи објави дека во Македонија државен јазик е македонскиот и тој секогаш ќе го почитува, иако, како што вели, никој никогаш не им забранил на Албанците во земјава да го користат или да пишуваат и на албански јазик.

Албанците во земјава секогаш ги уживале сите повластици на државата, како што е плата, пензија или социјална помош.

Затоа и смета дека не треба да се прават големи патриоти и да велат дека не го познаваат македонскиот јазик.

Мојот стил е државен од мојата држава. Многу често стигнуваат скриени критики во мојот месинџер дека не сум ја почитувал двојазичноста. Овде малку да ги разјасниме јавно некои работи….. Никој не ми го скратил правото да пишувам на албански но ни на македонски.

Македонскиот ми е државен јазик каде и секогаш го почитувам и ќе го почитувам јазикот на државата, а Албанскиот ми е мајчин каде никој никогаш ниту ми го скратил правото да го зборувам, да го пишувам или користам.

Затоа и смета дека не треба да се прават големи патриоти и да велат дека не го познаваат македонскиот јазик.

Мојот круг во мојата држава е многу голем каде сакам и моите сограѓани на мојата држава точно да разберат што пишувам и што објавувам, а убеден сум во тоа дека поголемиот дел на Албанците кои живеат во нашата држава добро го владеат македонскиот јазик, го читаат а и го пишуваат, а зошто се прават скриени патриоти во позадина демек им пречи мојата објава кога во секојдневието каде ги користи сите повластици на државата, плата, пензија, социјална помош тогаш добро го познаваат државниот јазик.

Со векови се манипулира со јазик односно двојазичност, знамиња, протести, политичка пропаганда, а всушност тоа е по секоја цена како да се манипулира со слабоста на обичниот граѓанин во нашата држава или добро кажано народно….

Раздели па владеј.

Во нашата држава сакаме да живееме слободни, без предрасуди, без политички притисоци и поделби. Во секоја државна институција, во јарболите кои се поставени е поставен државниот симбол ЗНАМЕ. На секој празник од држава каде мнозинството се во нашата држава се дозволува да се постави и нивниот симбол.

Но никогаш не би можел да се симне од јарболите Знамето на нашата држава. Нашата држава е толерантна, големодушна и премногу достоинствена да може да ги поднесе разните култури и обичаи. Овие толеранции ги има само кај нас. Затоа…

Ве молам почитувајте го и чувај те го суверенитетот, интегритетот за соживот во нашата татковина.

Се ова е на нашите предци, на нас сегашниве, на идните генерации, на идните поколенија, современа и културна држава за сите граѓани што живеат во неа.

А дали на некого ќе му се допаѓа мојата објава дали е на македонски или не тоа е негово право“, напиша Исеини на фејсбук. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Професионалниот војник А.Ј. (25) почина синоќа во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, соопшти Генералштабот на Армијата на Македонија

Почина војник на 25-годишна возраст

Професионалниот војник е еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за...

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули се уште е неизвесно.

Мрежарината за струјата може да се намали во декември- ако малите фирми одат на слободен пазар тоа ќе биде олеснување за сите

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули...