Според неговата желба, за него ќе свират 50 виолини, како што е најавено, голем оркестар, со звуците на песната “Недела“.

Објавил: Сара Фемина | 11 декември, 2020 6:33

Џеј денеска ќе биде испратен до вечниот дом: Ќе свири оркестар со 50 виолини и песната “Недела”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Никола Коле Јовановиќ, познат виолинист, е еден од музичарите кои ќе го испратат прерано починатиот пејач Џеј Рамадановски.

Легендата за народната музика, која не напушти прерано, ќе биде погребан денеска во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград!

Според неговата желба, за него ќе свират 50 виолини, како што е најавено, голем оркестар,  со звуците на песната “Недела“.

Џеј Рамадановски беше роден на 29 април 1964 во Белград и е српски пејач. Потекнува од ромско семејтво од Ресен, Македонија.

По овој повод, виолинистот Никола Коле Јовановиќ се присети на својата прва средба со музичка легенда.

– Ми се јави, дури и не знаев од каде му е бројот, бев целосно збунет. Една таква музичка величина да ме покани. Буквално ми рече:

‘Брат, Коле, треба да направиме музички спот, дали сакаш да дојдеш?’ Веднаш се согласив се присетува Коле!

Пејачот Џеј Рамадановски денеска ќе биде погребан во алејата на заслужните граѓани по сите муслимански обичаи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов присуствува на погребната церемонија на загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Шилегов му оддаде почит на загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ

Градоначалникот Петре Шилегов му оддаде почит на загрепскиот градоначалник Милан...