Македонија
Вести
Американскиот глумец Џон Красински е најсекси маж во 2024 година, според списанието „Пипл“ (People). Така, тој ја презеде „титулата“ од колегата-глумец Патрик Демпси.
Списанието, традиционално, го објави најубавиот познат маж во овогодишниот број со ексклузивно интервју со 45-годишниот успешен филмски работник – актер, продуцент и режисер. Веста е откриена вчера во емисијата „Лејт шоу“ (The Late Show) на Стивен Колберт. Во разговорот, Красински истакна дека, без сомнение, највредната улога што ја има е онаа секојдневната од вистинскиот живот – Красински е оженет со глумицата Емили Блант со која има две ќерки – Хејзел (10) и Вајолет (8).
– Убаво е да си в брак со некој од кого постојано учиш, со кого се менуваш и развиваш. И навистина сум среќен што имам можност сѐ ова да го минам со сопругата, изјави Красински во интервјуто.
Тој го напиша, режираше и глумеше во хоророт „Тивко место“ (A Quiet Place), како и вториот дел – со неговата сопруга Емили во главната улога. Красински рече дека работата со сопругата на двата филма била една од највозбудливите работни задачи во неговиот професионален живот.
Годинава излезе и „Тивко место 3“, со други глумци и нов режисер, но Красински е повторно делумно заслужен за сценариото.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести



Останати вести од Свет
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.