Во Исламабад се шпекулира дека Кан веќе е однесен во домашен притвор.

Објавил: Македонка Димкин | 10 април, 2022 18:33

Џо Бајден организирал пуч во Пакистан, ништо чудно

Фото/Текст извор: ©магазин

Само неколку недели откако одби да се приклучи на западните санкции против Русија, и дури отиде во Москва да постигне договор за купување нафта и жито, пакистанскиот премиер Имран Кан беше соборен од власт.

Тој отворено ја обвини администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден дека организирала пуч против него, со помош на опозициските партии и генералите на пакистанската армија.

Во Исламабад се шпекулира дека Кан веќе е однесен во домашен притвор. Популарната крикет легенда стана премиер на Пакистан во 2018 година, и почна сериозно да ја развива соработката со Кина и со Русија, што му го донесе непријателството на САД. Но откако САД се соочија со ситуација и Кина и Пакистан и Иран, па дури и традиционалниот пакистански непријател Индија да одбијат да се приклучат на нивните санкции против Русија поради војната во Украина, очигледно беше активиран план за рушење на Имран Кан.

Планот почна со пре-комбинирање во Парламентот, каде Кан го загуби мнозинството. Претседателот Ариф Алви одговори на овој обид да се создаде ново парламентарно мнозинство со распуштање на Парламентот и повика на нови избори, на кои се очекува дека Кан лесно ќе победи – и тоа со уште поголемо мнозинство – поради отворените притисоци од САД. Но Врховниот суд на Пакистан ја поништи одлуката да се свикаат нови избори. По интервенција на армијата, која често пати поставува и руши влади во Пакистан, постапката во Парламентот продолжи, и на Кан му беше изгласана недоверба.

Кан најави дека има докази за американската вмешаност во државниот удар против него. Но, поради интервенцијата на армијата, веројатно е дека тој нема да има шанса да ги претстави доказите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.