Хрватска е уште една земја – членка на ЕУ која ќе го оданочи екстра профитот, следејќи го примерот на Шпанија, што го поставува прашањето: зошто оваа ЕУ-фундаменталистичка Влада не го следи овој пример?
Во Хрватска сите субјекти чии приходи се повеќе од 39,7 милиони евра ќе плаќаат екстра данок на добивка и тие средства ќе се користат исклучиво за помош на најзагрозените, а не за полнење на државниот буџет. Стапката на данок на добивка во Хрватска е 18 отсто, а дополнителниот данок ќе зависи од нивото на добивка во 2022 година, што ќе биде 20 отсто над просекот за последните четири години.
За потсетување, домашните банки кај нас кризната 2021 година ја завршија со рекорден профит и заработија 149 милиони евра, а изминатиов период истите воведуваат и нови надоместоци и провизии.
Оваа година заклучно со третиот квартал, само три банки остварија нето добивки од речиси 100 милиони евра. Додека пак, банките на годишно ниво остваруваат до 50 милиони евра. само од провизии што го земаат од народот.
Во оваа насока, пратениците на Левица поднесоа предлог-закон со кои требаше да се интервенира во профитот на банките што доаѓа од некаматни приходи, односно од провизии. Кога пратениците од СДС и ДУИ гласаа против ваквото законско решение, очекуван е нивниот отпор дополнително да го оданочат екстра профитот на банките, како што направија тоа дел од земјите на ЕУ.
Во овие кризни времиња, кога сите треба да понесат дел од товарот, што значи дека оние кои имаат повеќе треба да им помагаат на оние кои имаат помалку, Влада на СДС и ДУИ продолжува да ги штити профитите на олигарсите и крупниот капитал, на штета на се поосиромашените граѓани.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.