Настраданите биле единствените луѓе на летот на „Такуан Ер”, соопштија локалните власти.

Објавил: admin@magazin | 21 мај, 2019 20:56

Авионска несреќа на Алјаска, има и жртви!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во период од една недела, ова е втора авионска несреќа во Алјаска на летало од „Такуан Ер”.

Во авионска несреќа на Алјаска загинаа две лица, кога хидроавион на авиокомпанијата „Такуан Ер”, во кој се наоѓале пилотот и патник, се урна во пристаништето Метлакатла, недалеку од градот Кечикан, во југоисточниот дел на оваа американска сојузна држава.

Се уште не се објавени околностите за оваа трагедија. Како што соопштија локалните власти, настраданите биле единствените лица на летот на „Такуан Ер”.
Летало на „Такуан Ер” учествуваше во судир на два хидро авиона во североисточниот дел на Алјаска претходната недела. Во несреќата загинаа шест лица – едно од авионот на „Такун Ер” и петмина од друг авион.

Истрагата за авионската несреќа се уште е во тек и се спроведува од страна на федералната агенција за безбедност.

Беа повредени 10 лица и сите беа американски државјани, а патниците на двата лета беа гости од бродот „Присес Крусес”.

Алјаска преставува најголема држава во САД зафаќа површина од 1.717.855 km², и на тој простор живее население од 663.661 жители. Нејзината територија е составена најмногу од планини, на кои има активни вулкани и многу ледници. Во Алјаска се наоѓа највисокиот врв во Северна Америка Макинли висок 6.149 м. Климата на Алјаска е супполарна, а во делови на приморјето застапена е и умерено континентална клима. Најголема река во Алјаска е Јукон, таа има и многу езера.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...