Холандија забрани летови утрово барем до крајот на годината.

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 декември, 2020 20:08

АВИОН-КАРАНТИН ЗА БРИТАНИЦИТЕ: По Белгија и Холандија, Французите ги откажуваат летовите кон оваа земја поради короната

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Белгија и Холандија денеска одлучија да забранат летови од Велика Британија, додека Германија ја разгледува таа можност, во обид да се заштити од новиот вид на вирусот корона што се шири на југот на Англија.

Холандија забрани летови утрово барем до крајот на годината.

Белгискиот премиер Александар Де Крој изјави дека „како мерка на претпазливост“, тој издал ваква наредба за период од 24 часа, што започнува на полноќ.

Постојат многу прашања во врска со оваа нова мутација и дали таа можеби веќе е на копното (европско)“, рече Де Кро.

Тој додаде дека се надева дека ситуацијата ќе биде појасна до вторник. Висок службеник на германската влада за агенцијата Дпа изјави дека ограничувањето на летовите од Велика Британија е „сериозна можност“.

Германската влада, која е претседател на Европската унија, е во тесен контакт со соседните земји во врска со новата опасност, наведе ДПА. Белгија, Холандија и Германија реагираа откако вчера британскиот премиер Борис Џонсон воведе поостри мерки во Лондон и делови од југоисточна Англија.

Џонсон рече дека новата варијанта на вирусот корона, која се пренесува 70% побрзо од претходните, влијае на брзото ширење на нови инфекции во Лондон и на југот на Англија. Тој додаде дека нема докази дека новата форма на вирусот е посмртоносна или предизвикува потешки симптоми и дека нема докази дека вакцината ќе биде помалку ефикасна против неа.

Франција размислува да ги забрани сите летови од Велика Британија, откако на островот се појави нов вид на вирус корона, објави извештајот на Ројтерс од телевизијата БФМ.

Официјалната одлука може да биде објавена денес во текот на денот, додаде БФМ, без да наведува извори, додека официјалните лица од француското Министерство за транспорт не беа достапни за коментар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.