Надзорот покажа дека во делови од емисијата, од страна на новинарот Васко Ефтов при интервјуто со претседателот на политичката партија Достоинство, Стојанче Ангелов, не се почитувани начелата за вршење на дејноста

Објавил: Македонка Димкин | 13 март, 2019 14:33

АВМУ: Ефтов во емисијата “Во Центар” непримерно се однесувал кон Стојанче Ангелов не го послужил кафе?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден програмски надзор врз емисијата „Во центар“ емитувана на ТВ Алфа на 24 февруари 2019 година, при што е констатирано прекршување на програмските начела за вршење на дејноста од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Надзорот покажа дека во делови од емисијата, од страна на новинарот Васко Ефтов при интервјуто со претседателот на политичката партија Достоинство, Стојанче Ангелов, не се почитувани начелата за вршење на дејноста, меѓудругото преку оневозможување на соговорникот да се доискаже, користење лични дискредитации, односно преку обраќање на начин кој е непримерен за комуникација преку медиум“ наведува во извештајот на Агенцијата.


На први март наводно водителот на 1ТВ, Сашо Ордановски, официјално „е осуден“ од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги дека не ги почитувал начелата на достоинство на соговорникот по интервјуто пред два дена со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од таму порачуваат медиумите да ги почитуваат сите професионални новинарски стандарди и начела за вршење на дејсноста.


Според надзорот на АВМУ, прекршени се начелата за презумпцијата на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовиизуелни медиумски услуги. Советот на Агенцијата ќе го разгледа извештајот кој допрва треба да биде објавен.

За да можете сами да процените дали се точни обвинувањата кон Ефтов погледнете го видеото

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести