Австралискиот кризен штаб ќе одржи денеска итен состанок поради ширењето на многу заразниот, делта сој на коронавирусот во земјата.

Објавил: Владо Марин | 28 јуни, 2021 11:18

Австралија се бори со нов бран на пандемијата, Сиднеј повторно затворен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Австралија се бори со неколку групи на инфекции со делта коронавирус, кој е позаразен, па експертите предупредуваат дека земјата е во најопасната фаза од избувнувањето на пандемијата.

Воведена е нова блокада во Сиднеј, како и во Дарвин на исток од земјата, маските се задолжителни повторно во Перт и можно е да се воведат строги мерки откако пред повеќе од една недела беше прогласен за позитивен тест на граѓанин кој престојуваше во Сиднеј!

Во извештајот на Ројтерс се наведува дека 18 од вкупно 25 милиони Австралијци, односно 70% популациите е под некоја форма антиепидемиски рестрикции во речиси сите делови на Австралија.

Австралискиот кризен штаб ќе одржи денеска итен состанок поради ширењето на многу заразниот, делта сој на коронавирусот во земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.