Во моментов има 511 активни пациенти во Виена, а од избувнувањето се заразени 2.366 лица.

Објавил: Перо Милчин | 25 април, 2020 15:13

АВСТРИЈА ГО ГАЗИ КОРОНА ВИРУСОТ: Само 2.509 активно заболени!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бројот на активно заболени со коронавирусот во Австрија опадна за уште 160 во последните 24 часа на 2.509.

 Досега во Австрија се излечиле 12.103, а 536 лица починале, соопшти Министерството за здравство.

Во моментов во болниците има 608 пациенти заразени со коронавирус, од кои 148 се на интензивна нега.

Во моментов има 511 активни пациенти во Виена, а од избувнувањето се заразени 2.366 лица. Од избувнувањето на епидемијата во Австрија, спроведени се 221.089 тестови.

Според податоци од Универзитетот Џон Хопкинс, со вкупно 1258 смртни случаи на коронавирус во последните 24 часа, САД бележат најмал број смртни случаи во последните три недели.

Оваа бројка на смртни случаи објавена вчера е дел од вкупниот број починати во САД кој изнесува 51.017, што е далеку најголем број во апсолутна смисла во која било земја во светот.

Сепак за да се потврди дека состојбата се подобрува, овој тренд треба да продолжи во наредните денови.
Скоро 900.000 луѓе се заразени со коронавирус во САД, што претставува околу една третина од заболените во светот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.