Германските туристи учествуваат со повеќе од 30 проценти во посетите за време на летната туристичка сезона во Австрија.

Објавил: Владо Марин | 19 април, 2020 12:26

ПОЗИТИВНО: Австрија размислува на лето да ги отвори границите за туристи од одредени земји!

Фото/Текст извор: ©Опсервер

 Официјална Виена би можела да дозволи туристи од Германија и други земји во кои коронавирусот е под контрола да ја посетат Австрија во текот на летото, изјави австриската министерка за туризам Елизабет Костингер.

Германските туристи учествуваат со повеќе од 30 проценти во посетите за време на летната туристичка сезона во Австрија.

Учеството на туризмот во БДП на Австрија е едно од најголемите во ЕУ.

 Слободата на патување ќе остане ограничена во наредните месеци. Меѓутоа, доколку земјите се успешни (во борбата против коронавирусот), како што е Германија, постои реална шанса за билатерални договори, рече Костингер.

Конзервативниот премиер Себастијан Курц изјави дека Австријците треба да размислат за тоа летните одмори да ги минат во својата земја за да и помогнат на економијата.

Владата до крајот на април планира да претстави план за постепено отворање на рестораните и туризмот.

Од вторник, во Австрија се отворени одредени продавници, но со задолжително носење заштитна маска. Задолжително е да се носат маски и во јавниот превоз, и во такси-возилата.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс во Австрија коронавирусот е потврден кај 14.671 лица, од кои 443 лица починале.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...