Од ЈСП информираат дека нема да работат билетарниците, ниту Жичарницата на Средно Водно.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 мај, 2019 10:42

Автобусите утре се бесплатни – проверете кои автобуски линии нема да бидат во функција

Фото/Текст извор: ©магаазин.мк

Утре, 7ми мај е закажана историската посета на папата Франциск. За време на посетата од 7 до 16 часот ќе има посебен режим на сообраќање на возилата од јавниот превоз, соопшти ЈСП Скопје. Линиите 3, 3Б и 25 воопшто нема да бидат во функција. Превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани.

Утре бесплатен превоз во автобусите за сите граѓани

Од Јавното претпријатие информираат дека јавниот превоз утре е бесплатен, а поголем дел од линиите ќе имаат изменет режим на сообраќање. Од ЈСП информираат дека нема да работат билетарниците, ниту Жичарницата на Средно Водно.

На официјалната веб страната на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk може да се види детален опис на движење на сите линии кои ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

За време на утрешната Апостолска посета на папата има посебни правила и прописи на однесување и движење. Оние кои живеат во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот “Голем ринг”, во вторник на 07.05.2019 година, од 06:00 часот до 19:00 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на сообраќајниците околу центарот во Скопје, со цел непречено одвивање на истиот.

Поточно, во овој временски период ќе се формира “Рестриктивна зона” на движење, во која за автомобили целосно ќе бидат затворени следните сообраќајници: Ул. ,,11ти Октомври” од крстосницата со бул. ,,Кочо Рацин” до крстосницата со ул. ,,Димитрие Чуповски”, ул. Даме Груев, ул. ,,Македонија”, ул. ,,Васил Главинов”, ул. ,,Филип 2ри Македонски”, ул. ,,Св. Климент Охридски” (адвокатска) и ул. ,,Иљо Војвода”.

Сообраќајници по кои ќе биде дозволено движењето на возилата кои се движат во редовен сообраќај со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот за време на официјалната посета на Папата, се следните: бул. ,,Кочо Рацин”, ул. ,,11-ти Октовмри” од крстосницата со бул. ,,Кочо Рацин” до крстосницата со бул. ,,Борис Трајковски”, ул. ,,Св.Кирил и Методиј”, бул. ,,Св. Климент Охридски”, бул. ,,Партизански Одреди”, ул. ,,Самоилова” и бул. ,,Гоце Делчев”.

Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП Градски Паркинг и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни на 06.05.2019 година после 17 часот, како и на 07.05.2019 во текот на целиот ден.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.