Тешка несреќа во населбата Ѓорче Петров во Скопје!

Објавил: Владо Марин | 1 март, 2020 9:12

АВТОМОБИЛИТЕ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТОТ: Очевидци на социјалните мрежи сведочат за страшната сообраќајка во Ѓорче Петров

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Девојчиња што вчера вечер  беа повредени во тешка несреќа која се случи во населбата Ѓорче Петров се пуштени на домашно лекување!

Очевидците на социјалните мрежи раскажуваат за потресната глетка кога моторно возило со огромна брзина удрило во луѓето кои стоеле на автобуската постројка.  

Повредените девојки, неофицијално ракометарки на првиот тим на ЖРК Вардар, со возило на Брза помош веднаш биле пренесени во болница.

Џип за да го избегне возилото „југо“ кое му го пресекло патот, нагло свртел и удрил во патниците кои чекале на автобуската станица.

Последните информации се дека девојките поминале без посериозни повреди и дека се пуштени на домашно лекување. Кристијан Јандриовски на социјалните мрежи откри дека и неговата сопруга за малку ја избегнала несреќата.

Други очевидци исто така пишуваат дека автомобилите кои ја предизвикаа несреќата се движеле со неприлагодена брзина и поради тоа изгубиле целосна контрола над автомобилите!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести