Откако владата се пофали дека ќе интензивира изградбата на автопатот Кичево-Охрид на терен сосема поинаква слика.
Екипата на „Република“ беше на лице место и се увери дека таму буквално се стои на место. Нема работници, по некоја машина „дреме“ на горештината и толку.
Со вакво темпо автопатот нема да биде завршен до 2034, а не до 2024 како што гласи новиот рок рок на владата.
Најмалку 10 милиони евра за еден километар автопат ќе ги чини граѓаните автопатот Кичево-Охрид, проект кој освен што доцни 3 години, стана и речиси двојно поскап од првичната замисла, а за него во Кривичниот суд се води судски процес за злоупотреба на службената должност и корупција.
Автопатот започна да се гради на 22 февруари 2014 година. Кредитот за оваа капитална инвестиција беше земен од кинеската банка „Ексим“ и државата треба да го врати за 20 години!
Целиот текст и видеото погледнете го ТУКА
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.