Пет од бомбите се на албански јазик, а во описот на секој разговор е наведено дека зборуваат политичари од ДУИ, како Блерим Беџети, Муса Џафери, Бекир Асани.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 мај, 2019 10:52

Авторот на бомбите за ДУИ: „Не ве шишам, не ви се плашам!Господ да ги благослови Албанија и Америка„

Фото/Текст извор: ©Онлине магазин

Човекот што ги објави нелегално пруслушуваните разговори меѓу функционерите на ДУИ се појави јавно на својот Фејсбук профил кој го носи името Ел Чека. 

Ел Чека испрати директна порака до политичката партија ДУИ и напиша дека воопшто не ги шиша и не им се плаши.

Тој веста за негово откривање ја нарече голема глупост, потсетувајќи дека не постои откритие, бидејќи тој јавно излегува, со  негов личен идентитет и лични фотографии. Тој обвинува дека криминал е токму убиството на Албанците и на припадниците на ОНА. Ел Чека, синоќа околу 23 часот емитуваше и видео во живо, каде што јасно се гледа неговото лице и јавно го искажа неговиот идентитет.

Авторот на бомбите живее во Америка.

“Глупоста на ДУИ-стите нема крај, ме откриле? Но, на мојот профил се сите мои персонални слики! И ова го нарекувате криминал нели! А убиствата на војниците на ОНА и на Албанците не се криминал? Ќе поднесете кривична тужба? Не ве шишам! Господ да ги благослови Албанија и Америка! ” – пишува Ел Чека на својот профил.

Пет од бомбите што ги објави се на албански јазик, а во описот на секој разговор е наведено дека зборуваат политичари од ДУИ, како Блерим Беџети, Муса Џафери, Бекир Асани.

Една бомба е на македонски јазик и како што е објавено разговараат поранешните високи полициски функционери Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, кои говорат дека тогашниот заменик министер во МВР Блерим Беџети барал да се казнат припадници на „алфите“, кои според Мијалков и Јанкулоска, коректно си ја завршиле работата во врска со претрес за нелегален пиштол, кај извесен Шеваљ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.