Адвокатите најавија и жалба за пресудата, и велат дека ова е преголема казна.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јуни, 2020 17:32

Адвокатите на Јанева незадоволни од пресудата: Немаше докази дека таа е виновна!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бранителите на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, адвокатката Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев изразија разочарување од пресудата, со која Јанева доби седум години затвор, и покрај тоа што како што велат немало докази дека таа е виновна.

Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева денеска доби казна затвор од 7 години за случајот Рекет….

Адвокатите најавија и жалба за пресудата, и велат дека ова е преголема казна.

-Ние сме разочарани како одбрана на Катица Јанева од пресудата и казните што ги слушнавме. Прво сметаме дека казната е превисока. Судот во својот вовед кажа дека со оваа пресуда сака да се врати довербата во правосудството, но ние како одбрана сметаме дека со вакви пресуди не се враќа довербата во правосудството. Напротив, сметаме дека судот треба да суди врз основа на докази, а во конкретниот случај, докази дека Катица Јанева го сторила кривичното дело за кое е осудена не постојат, рече денеска во изјава за медиумите адвокатката Ирена Фрчкоска.

Адвокатот КАДИЕВ, најави жалба на пресудата и исто така тврди дека немало ниту еден доказ дека Јанева е виновна.

-Драго ми е што јавноста беше присутна во овој предмет преку вас, новинарите. Пресудата судот ја носи во име на граѓаните на Македонија и тоа е со закон дадено право. Меѓутоа, граѓаните на Македонија преку вас новинарите и преку тоа што вие го пренесувавте, стекнаа убедување, а и ние имавме можност  надвор од оваа судница да видиме какво е чувството на граѓаните и како размислуваат. Лично и понатаму опстојуваме на тоа дека не постоеше ниту еден доказ за вината на Јанева, рече адвокатот Кадиев.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.