Фрчкоска најави дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката притвор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 септември, 2019 22:48

Адвокатката на Јанева најави барање за укинување на притвор- ќе излезе ли Катица од затвор?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ирена Фрчкоска, адвокатката на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, во интервју за тв 21 најави дека ќе поднесат барање за укинување на мерката притвор, а за гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.

Катица Јанева (родена Делиџакова, на 9 февруари 1965 година) — специјален јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во Македонија. Катица Јанева е родена на 9 февруари 1965 година. Татко ѝ бил преседател на Основниот суд во Гевгелија.

-Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија, вели за ТВ21 Ирена Фрчкоска, која додава дека и одлуката од саботата и денешната на Советот на јавни обвинители не ги добиле.

Фрчкоска најави дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката притвор.

На Јанева и е одреден 30-дневен притвор кој истекува деновиве. Инаку денеска Јанева беше разрешена од својата функција како обвинител и практично остана како невработена. Сите обвинители на СЈО, освен Катица Јанева ќе се вратат во матичните обвинителства, само ОЈО Гевгелија ќе остане со еден обвинител помалку, бидејќи Советот ја разреши Јанева, која дојде токму од ова обвинителство. Јанева беше разрешена за нестручно и несовесно работење, а притворена е за злоупотреба на службената положба и овластувањата во истрагата „Рекет“, што ја води Обвинителството за организиран криминал и корупција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.