Приватните советници и адвокати на претседателот на САД со изјави во име на Доналд Трамп како официјален став на државата

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 9:12

Адвокатот и советник на Трамп ја брани корупцијата во Романија?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Руди Џулијани, приватниот адвокат и советник на претседателот Доналд Трамп, испратил писмо до романскиот претседател во кое повикува запирање на анти-корупциската кампања на специјалното јавно обвинителство на Романија и амнестија за осудените политичари, објави „Њујорк Тајмс“.

Како што дознава весникот, во писмото отворено за романската јавност и испратено минатата недела до претседателот Клаус Јоанис, Џулијани изразил загриженост дека „владеењето на правото постојано се нарушува под превезот на ефективното спроведување на законите“.

Руди Џулијани е политичарот кој успеа за кратко време од врвот на политичката кариера како градоначалник на Њујорк да стигне до самото дно. Џулијани по потекло е италијанец а е амерички републикански политичар, поранешен градоначалник и адвокат. Неговото име беше едно од најзвучните за нов државен секретар но Трамп во последен момент се премисли. Џулијани во последните изјави како приватен советник на претседателот на САД дава изјави кои се сметаат за официјален став на државата.

Како што јави новостниот портал „Политико“ писмото не коинцидира со официјалната позиција на американскиот Стејт департмент за поддршка на борбата со корупцијата во Романија. Стејт департментот досега се нема произнесено за писмото на Џулијани, но во неколку наврати портпарол изрази поддршка за анти-корупциските напори на романските власти.

Џуилијани, поранешен градоначалник на Њујорк, пак, вели дека тоа „нема никаква врска со американската влада“.

Советник сум за безбедност, спроведување на закони и тероризам за многу влади. Приватните адвокати на претседателот имаат приватна служба, изјави тој за весникот.

Ако Џулијани сака да биде адвокат на Трамп и негов гласноговорник, не треба да истакнува свои становишта за надворешна политика преку отворени писма платени од негови клиенти, демократскиот сенатор Крис Марфи изјави за „Политико“.

Поранешниот градоначалник на Њујорк стана мета на критики од јавноста поради тоа што се дозна дека лобистичка фирма ангажирана од Американец со романско потекло го ангажирала да ги брани корумпираните политичари во Романија.

Во писмото тој повикал на амнестија на осудените за корупција поради „прекумерностите“ на романските анти-корупциски органи.

Романија се сметаше за една од најкорумпираните земји во Европа. Но под водство на променатата власт и под директива на Брисел, тамошното СЈО  во изминатите години обвини илјадници политичари на локално и централно ниво, како дел од напорите за ефективно спроведување на законите.

Кривични пријави за корупција добија повеќе поранешни и сегашни функционери, како Ливиу Драгнеа, лидер на најголемата пратеничка група во романскиот парламент.

Во Романија, на почетокот на месецов десетици илјади проестираа против Социјал-демократската партија на Драгнеа и неговиот коалициски партнер поради изборни измами и продлабочената корупција во земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести