Истрагата за Рекет се обвинува

Објавил: Узунов Бобан | 23 септември, 2019 15:02

Адвокатот на Боки 13: Бојан е во животно загрозувачка состојба

Фото/Текст извор: ©магазин

Во историјата на македонското правосудство не се случило во ист ден да се донесе решение за завршена истрага и да се бара изјава од осомничен кој претходно ниту еднаш не бил известен за доказите против него. Со ова денеска се воспостави негативен преседан, обвини Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски во случајот „Рекет”. 

„На Бојан Јовановски не му беше овозможено да ги види сите докази. Тој денеска беше повикан да даде исказ, а не во тој исказ да се подметне известување за завршена истрага“, рече Дуковски по излегувањето од обвинителството.

Тој потврди дека денеска не дале изјава во обвинителството бидејќи немале увид во доказите и најави дека во наредните 15 дена ќе ги разгледуваат доказите па потоа Јовановски ќе даде исказ.

„Не гледаме на кристална топка кои се доказите“, изјави Дуковски.

Тој уште кажа дека здравјето на Јовановски му било нарушено здравјето, дека нон стоп повраќал и паѓал, а го носеле во амбуланта.

„Реално не му е добра здравствената состојба, можеби сам придонел за тоа со операцијата за намалување на желудникот“, додаде тој.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести