Давидовиќ тврди дека сите што се испазариле со обвинителството не се на обвинителна клупа додека Василевски се буни со претпоставки а не со докази.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 февруари, 2019 22:47

Адвокатот на Нинџа: УБК апсолутно влијаело и ги смислило настаните од 27 Април?

Фото/Текст извор: ©телма

Обвинетиот Александар Василевски Нинџа слушаше и молчеше додека неговиот адвокат во завршните зборови во судот рече дека неговиот клиент е злоупотребен од службите на тајната полиција за насилствата кои се случија на 27 ми Април. 

Давидовиќ тврди дека сите што се испазариле со обвинителството не се на обвинителна клупа додека Василевски се буни со претпоставки а не со докази. Тој тврди дека е повеќе од јасно, дека УБК дирекно влијаеле и ги смислиле настаните што се случија на 27 април.

Дејствијата кои му се ставаат на товар на Нинџа за 27 април, посочи Давидовиќ, обвинителството се обидува да ги докаже само со еден телефонски повик од неговиот брат Благоја Василевски кој бил во Виена како обезбедување на Никола Груевски, со една снимка од пред кафе-барот „Дион“ и со исказите на браќата Младеновски и на Симовски.

Сите припадници на УБК се внатре, еве Нинџа кажува и за Груевски и за другиве обвинети, овде повеќе од јасно два и два секогаш е четири дека УБК апсолутно влијаело и го смислило настанот.

Не можеле директно можеби да се замешаат и едноставно ги искористиле патриотските здруженија кои што повторно работеле во нивна корист. 

На прашањето од новинарот дека УБК ги формирало патриотските здруженија одговори:

Можеби, тоа никогаш не можете да бидете сигурни.

Јане Ченто особено оној сведок ако бевте присутни објаснуваше како се формираа патриотските здруженија во странство, така да и тоа е сосема можно сценарио, што е и најмалку важно, битно е дека се злоупотребени и искористени нивните национални и патриотски чувства.

 

Звонко Давидовиќ -27 Април е оргиран од УБК from MACEDONIAN MAGAZIN on Vimeo.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Правник

Во 2008 та година судот му одреди 20 години затвор за грозоморниот напад врз полициските Алфи што се случи во ноември истата година на паркингот пред ПМФ. Во нападот загина еден припадник на Алфите, еден остана доживотен инвалид а третиот има намалена деловна способност.

Судот ја укина доживотната казна на Алмир Дрпљанин за нападот на Алфите кај ПМФ

Денеска судот ја укина доживотната затворска казна за еден од најозлогласените криминалци...

Во вчерашната емисија „Што не е јасно?“ на „Алфа“, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села потври дека премиерот Зоран Заев пред извесно време му понудил да го замени Али Ахмети и ДУИ и неговата партија да стане дел од власта.

СЕЛА ОТКРИВА – Заев ми понуди да го заменам Али Ахмети- но јас ОДБИВ

Села откри дека премиерот Зоран Заев му понудил да го замени ДУИ, но тој не прифатил. Во...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај.

Најмалку 3 години затвор за делото за кое е обвинета Јанева

Казна затвор од најмалку три години пропишува кривичниот закон за делото за кое е обвинета...