Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој се уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јули, 2019 21:22

АДВОКАТОТ НА САЗДО ЈА ДОБИ ОСУДИТЕЛНАТА ОРЕСУДА: По 19 години затвор за убијците на Саздо!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Конечно по точно една година стигна осудителната пресуда од по 19 години за убијците на Саздо.

Минатата година на 29 јуни, Бесир Беља и Скендер Демири, крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој се уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.

Никола Саздо имаше 20 години и беше страствен навивач и член на Комити.

Адвокатот од семејството, Ванчо Александар Шехтански на својот Фејсбук профил ја изнесе осудителната пресуда за убиеното момче Саздо.

–Судбината сакаше баш денеска на една година од убиството , до мене како негов адвокат да стигне и осудителната пресуда од по 19 години за неговите убијци. Почивај во мир – напиша Шехтански на својот Фејсбук профил.

Саздо се здобил со тешки крвни повреди на главата, оштетување на мозокот и крвен подлив на градниот кош, покажа обдукцискиот наод, за кој пред судот сведочеше вештото лице, доктор Златко Јаќоски од Судска медицина.

Саздовски бил донесен во болница во претсмртна фаза за што итно била направена реанимација, а заради неможност на функционирање на мозокот бил поставен на механичка вентилација со пропратна терапија со медикаменти.

За жал момчето им подлегна на повредите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести