Адвокатот на првосомничениот Бојан Јовановски денеска изјави дека тој е навистина во многу лоша здравствена состојба.

Објавил: Весна Петровска | 16 септември, 2019 11:51

Адвокатот открива: Бојан е во многу лоша ЗДРАВСТВЕНА состојба

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Откако по трет пат Бојан Јовановски ја посети Торакална во Клинички, грашаните почнаа да се сомневаат во неговите болки. Од болницата информираа дека Бојан Јовановски поради силни болки во желудникот е донесен на преглед, но ова не беше доволно за граѓаните да прашуваат со кого ли Бојан Јовановки се договара додека ја посетува Торакална.

Адвокатот на првосомничениот Бојан Јовановски денеска изјави дека тој е навистина во многу лоша здравствена состојба.

Сашо Дукоски за Телма вели дека Бојан Јовановски има многу големи болки од претходно направени две неуспешни операции кој тој, како што рече Дукоски ги направил на своја желба.

Бојан Јовановски неколкупати беше носен на Клиника за преглед. Дукоски вели дека не знае како ќе се одвива здравствената ситуација на неговиот клиент. Инаку според информациите Јовановски има направено операција подврзување на желудник за да намали од телесната тежина.

Моментно, вели тој Боки 13 повраќал речиси секој ден и имал болки, а затворската управа била коректна и секогаш му била обезбедена здравствена заштита.

Бојан Јовановски е приведен поради случајот „Рекет“ до сега два пати му е продолжена мерката притвор од 30 дена.

„Првоосомничениот го искористил своето познанство со јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага, за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. Најпрво биле побарани 8 милиони евра, но откако добиле 1,5 милиони евра, осомничените се посомневале во доверливоста и престанале со средбите.“изјави Рускоска.

Боки 13 кој е осомничен и за перење пари, со парите од рекетот си купувал облека, плаќал патувања и слично.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.