Во интервју за новинската агенција Анадолија министерот за Дијаспора Адеми изјави

Објавил: Македонка Димкин | 21 јули, 2018 20:13

Адеми: Годишно околу една милијарда евра од дијаспората!

Фото/Текст извор: ©Анадолија

„Она што официјално како податок постои во НБРМ е дека на годишно ниво помеѓу 460-500 милиони евра влегуваат официјално.Меѓутоа, неофицијално, бројките одат и до една милијарда, што е огромен капитал кој влегува во Македонија”, истакнува. Едмонд Адеми, министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за дијаспората во интервју за новинската агенција Анадолија.

Република Македонија како држава има долга традиција на иселување на населението во различни земји од светот, каде што граѓаните мигрираат поради различни причини, но најчесто поради економските. Во разговор за Анадолија зборуваше за важноста на дијаспората, нејзините потреби и проблеми, но и за активностите кои тој како министер и Владата на Република Македонија ги спроведуваат за поврзување на дијаспората со земјата, не само од културен, туку и од економски аспект.

Како што истакнува министерот Адеми во разговорот, не постои конкретен статистички податок во која држава колку иселеници од Македонија има точно, постојат различни информации, но како што вели тој, претежно, дијаспората од Македонија живее во неколку европски земји, меѓу кои Германија, Швајцарија, Италија, Австрија и Шведска, додека во другите европски земји ја има во помал број, а на другите континенти, во Канада, САД и Австралија, исто така, живее бројна дијаспора која потекнува од Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Дијаспора

Верувам дека гледате и следите како набрзина се брише, се ништи, се што е македонско. Исчезнува придавката македонски пред институциите, ги менуваат топонимите, од соседите слушаме дека дека македонскиот јазик бил дијалект на бугарскиот

Игор Дурловски: Вечерва сум илјадници километри далеку од дома, но без чувство дека сум во туѓина!

Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на...