„Аида“ со гости од Шпанија, Грузија и Италија

Објавил: admin@magazin | 30 мај, 2018 18:30

“Аида“ на Верди за крај на Мајски оперски вечери

Фото/Текст извор: ©

Утревечер (31 мај), со почеток од 20 часот, во Македонската опера и балет, традиционално со операта “Аида“ на Џузепе Верди ќе се затворат 46. Мајски оперски вечери. Диригент е Бисера Чадловска, а режисер Дејан Прошев.

Покрај оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ, во улогите ќе се појават Ана Лукреција Гарсија од Шпанија (Аида), Софија Јанелидзе од Грузија (Амнерис), Валтер Фракаро од Италија (Радамес), Владимир Саздовски (Рамфис), Александар Стефаноски (Фараонот), Марјан Јованоски (Амонасро), Александра Лазаровска-Василевски (Главната свештеничка), Јане Дунимаглоски (Гласник). Како балетски солисти ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Бобан Ковачевски.

Годинешното издание на Мајските оперски вечери започна со премиера на “Боеми“ од Пучини, а под мотото “Го славиме Пучини“ беа изведени и неговите опери “Тоска“(12 мај) и “Турандот“ (19 мај), гостување имаше Народниот театар од Сараево со “Змејот од Босна“ (22 мај), а беа одржани и балетскиот концерт “Балетски бисери“ (15 мај) и гала оперскиот концерт “Пучини и Росини“(23 мај).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Опера