Светот да има правни аргументи веќе ќе нѐ притиснеше тоа да го направиме со сила

Објавил: admin@magazin | 12 јуни, 2018 11:20

Академик Маџунков: Промена на името е вистинска капитулација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Името не треба да се менува, тоа е вистинска капитулација на Македонија. Светот да правни аргументи веќе ќе нѐ притиснеше тоа да го направиме со сила, смета академик Митко Маџунков.

-Меѓутоа, бидејќи ги нема тие аргументи нашата страна значи самата македонска политика треба да капитулира за тие да се почувствуваат безгрешни. Сега кога ќе го потпишеме ова, ако го потпишеме ќе дојде на ред албанската платформа со која ќе се воведе двојазичноста, а двојазичноста значи дека Македонија има еден признаен јазик што е албанскиот и еден јазик во исчезнување тоа е македонскиот. Самиот факт дека се извршени сите подготовки, подготвителни вести како онаа со Бугарија божем за пријателски односи итн., и оваа албанската платформа зборуваат дека ние де факто сме окупирани и дека лошо ни се пишува, истакнува Маџунков.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести