Таа смета дека акронимот МАНУ не смее никако да се промени бидејќи преку тоа име е позната институцијата.

Објавил: admin@magazin | 20 март, 2019 22:57

Академик Ќулавкова: Можно губење на статусот на Македонскиот јазик и наметнување на друг

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Статусот на македонскиот јазик кој до скоро беше сигурен и заштитен според европската терминологија и прогласен за државен јазик за сите институции сега се нарушува, изјави академик Катица Ќулавкова во нејзиното гостување во емисијата „Само вистина“.

 Според Ќулавкова со Преспанскиот договор како држава ќе мораме да бараме мислење и одобрување од страна на Грција со што на тој начин ни е нарушен државниот суверенитет.

Таа праша ако е точно дека со Преспанскиот договор потпишан од Владата на СДСМ се зацврстил идентитетот тогаш зошто Македонската академија на науките и уметностите треба да го промени своето име.

Ако е точно дека ние сме го зацврстиле идентитетот, тогаш зошто ние треба да го смениме името на МАНУ, праша Ќулавкова.

Таа смета дека акронимот МАНУ не смее никако да се промени бидејќи преку тоа име е позната институцијата.

Ќулакова рече дека никој во државата не бил овластен и немал мандат да потпишува таков договор во смисла на тоа дека предмет на договори со Грција под капата на ОН беше името на државата, но не и дефиниција на македонскиот идентитет, воведување на два идентитета, еден во Македонија, еден во Грција, изјави академик Ќулакова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.