Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, за време на полициското сослушување после неговото приведување рекол дека поседува докази против премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, кои ги сочувал на сигурно на повеќе адреси, пишува српски Курир.

Објавил: Весна Петровска | 10 август, 2019 15:29

„АКО МЕ УБИЈАТ ЌЕ ПАДНЕ ВЛАДАТА НА ЗАЕВ“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Српскиот Курир денеска објави неколку информации за случајот „Рекет“ кој не само во Македонија стана топ тема и на Балканот.

Бојан Јовановски познат како Боки 13 преку српскиот весник испрати порака доколку неговиот живото стане во опасност.

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, за време на полициското сослушување после неговото приведување рекол дека поседува докази против премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, кои ги сочувал на сигурно на повеќе адреси, пишува српски Курир.

-Ако ме убиете во затвор, ќе паднат многу политичари, а тука мислам пред се на Заев и неговата влада. Имам докази против Заев и државниот врв. Се од прва рака. И се оставив на сигурно, кај мојата мајка и на уште неколку адреси. Ако нешто ми се случи, ако ме убиете, обесите и тоа се обидете да го прикажете како самоубиство, ако овде ме тепате, мачите, застрашувате, убаво ви кажувам, да не испадне после дека не сте знаеле, во Македонија ќе има политички земјотрес. Ќе се отвори Пандорината кутија, никој нема да биде поштеден – рекол, според српски Курир, Боки 13 на сослушувањето.

Истрагата за случајот „Рекет“ се уште е во тек, но за целосно расветлување на оваа афера се чека да дојде шефицата на организираниот криминл Вилма Рускоска да се врати од годишниот одмор.

Инаку со овој потег на обвинителката Вилма Рускоска беше критикувана од многу политички експерти и според нив е апсурдно таа среде голема афера да го користи годишниот одмор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.