Премиерот Заев во интервјуто вели дека Македонија е со поглед кон иднината и како пријателска земја така гледа и кон сите свои соседи.

Објавил: Владо Марин | 21 март, 2021 7:55

„Ако некој заслужил да биде член на ЕУ тоа е Македонија”, вели Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Ако некој заслужил да добие поддршка на следниот чекор на патот кон ЕУ, тоа е Македонија и важно е што Словенија, заедно со земјите од Вишеград потврдуваат дека сѐ уште има европско во Европската Унија и тоа е нашата водилка и мотивација и за реформите за да си ја европеизираме државата“, истакнува претседателот на Владата Зоран Заев во интервјуто за електронското издание на „Дело“.

Заев додава дека верува дека како земја членка на ЕУ, која недвосмислено ја реафирмираше својата определба за проширување со земјите од Западен Балкан, Словенија ќе направи сѐ што треба ЕУ да не ги изгуби европските вредности и принципи и ќе продолжи да ја испраќа кон земјите кандидати пораката за поддршка за членство.

Точно е дека со неодобрувањето на преговарачката рамка Северна Македонија губи драгоцено време, но сметам дека единствената исправна европска реакција е да се засилат барањата за да се почитуваат европските вредности и мислам дека Словенија ќе го заземе овој став за време на претседавањето со ЕУ и дека тоа ќе биде од огромен придонес за нов импулс во процесот за проширување на Унијата“, вели Заев за словенечко „Дело“.

Премиерот Заев во интервјуто вели дека Македонија е со поглед кон иднината и како пријателска земја така гледа и кон сите свои соседи.

Во таа насока, недвосмислени се нашите очекувања, а и очекувањата на целиот Западен Балкан, дека за време на словенечкото претседателство, треба да има видлив исчекор за нашата земја и за регионот кон ЕУ“, потенцира претседателот на Владата Заев во интервјуто за електронското издание на „Дело“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...