ДУИ има план Б ако успее да издејствува договор со СДСМ

Објавил: Узунов Бобан | 19 февруари, 2019 0:27

Ако нема консензуален претседател со СДСМ, ќе има сеалбански

Фото/Текст извор: ©магазин

По средбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со владиниот партнер Зоран Заев, за можноста на претседателските избори да настапат со заеднички кандидат, Плусинфо дознава дека Ахмети се сретнал со лидерот на ДПА, Мендух Тачи и телефонски разговарал со лидерите на Алтернатива на Африм Гаши и НДП на Весел Мемеди.

Според партиски информации, Ахмети со тројцата лидери од владината коалиција, се координирале и разговарале како да настапат на претстојните претседателски избори.

Ова значи дека Ахмети игра и на резервна карта, односно дека доколку пропаднат  разговорите со Заев за консензуален претседателски кандидат, голема е веројатноста  албанскиот владејачки блок на изборите да истрча со заеднички кандидат Албанец.

Зијадин Села тешко дека ќе најде заеднички јазик со ДУИ. Познат како човекот кој ја распадна ДПА на два дела, пропагирајќи идеолошки политики на една држава на две нации, ветувајќи еднакви права по законите и Уставот заедно со Македонскиот народ, но без ниту една економска или социјална програма за сопствениот етникум.

Според партиски извори, засега еднакви се шансите да се постигне договор и владината коалиција да излезе со заеднички кандидат, како и таа албанскиот владеачки блок на изборите да трча со свој кандидат. 

Сеалбански кандидат најмногу одговара на ДУИ, бидејќи тие се партијата која се очекува да изгуби најмногу гласови кај албанскиот електорат. Заедничкиот кандидат со другите албански партии ќе го прикрие падот на нивното гласачко тело. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести