Сите директори на јавните установи кои нема да обезбедат доказ дека познаваат странски јазик во рок од една година од нивно именување ќе добијат клоца.

Објавил: admin@magazin | 3 јануари, 2019 18:43

Ако не знаеш странски јазик во Македонија “МАРШ ОД РАБОТА”

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Директорите на јавните претпријатија и установи во државава кои не знаат странски јазик ќе добијат отказ.

Директорите имаат право да научат јазик или да обезбедат доказ дека поседуваат еден од меѓународно признаени сертификати или уверенија за активно познавање на странски јазик.

Сертификатот треба да го обезбедат најдоцна за една година откако се поставени на своите функции.
Сите директори на јавните установи кои нема да обезбедат доказ дека познаваат странски јазик во рок од една година од нивно именување ќе добијат клоца. Доказ е потребен за англиски, француски и германски јазик. Мора со документ исто така да докажат дека знаат да работат на компјутер.

Секој директор или управител на државна институција кој е именуван во периодот од денот на влегувањето во сила на овој закон до 1 септември 2018 година, е должен да го исполни условот за познавање на странски јазик најдоцна во рок од една година од денот на неговото именување.

Освен директорите, странски јазик мора да знаат и сите раководители на  сектори по институциите.

На директорот кој нема да го исполни условот за познавање на странски јазик во рокот утврден во ставот 1 на овој член му престанува мандатот- стои во Службен весник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.