„Ако нас не нема повеќе, не дај Боже, тогаш следни ќе бидат Летонија, Литванија, Естонија“, рече тој и додаде: „Верувајте ми“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 март, 2022 18:00

Ако падне Украина следни ќе бидат балтичките земји, вели Зеленски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска го повика Западот да ја зголеми воената помош за Украина.

– Ако немате моќ да го затворите небото, тогаш дадете ни авиони, изјави Зеленски на денешната прес-конференција.

„Ако нас не нема повеќе, не дај Боже, тогаш следни ќе бидат Летонија, Литванија, Естонија“, рече тој и додаде: „Верувајте ми“. 

„Првите часови и денови од војната во целост беа многу тешки“, рече тој, но Украинците беа „обединети и затоа силни и затоа издржаа“.

„Тоа ќе продолжи вака, ние ќе продолжиме да стоиме“, рече тој, пренесува Си-Ен-Ен.

Руските трупи беа одбиени од украинскиот отпор, за кој Зеленски тврди дека сè уште е недопрен.

„Сите линии на нашата одбрана се зачувани. Непријателот нема успех во ниту една стратешка насока“, додаде тој.

Москва е принудена да ја смени тактиката, рече Зеленски, додавајќи дека „ракетните и бомбашки напади врз украинските градови се признание дека тие не успеале да направат ништо значајно во нашата земја“.

Зеленски рече дека Украина ќе победи против инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин, „како што е случајот со друг вирус, друга болест – Ковидус“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.