Доколку потрошувачите добијат сметки во кои е фактурирана нереална потрошувачка на електрична енергија, тие може да поднесат претставка до РКЕ.

Објавил: Владо Марин | 17 октомври, 2020 10:38

Ако сметките за струја се повисоки од реалната потрошувачка, граѓаните да достават жалби до РКЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

– Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија ги известува потрошувачите дека можат да достават приговор до РКЕ доколку добиените сметките за електрична енергија отстапуваат од реалната потрошувачка на електрична енергија.

Доколку потрошувачите добијат сметки во кои е фактурирана нереална потрошувачка на електрична енергија, тие може да поднесат претставка до РКЕ.

Комисијата за жалби која функционира во рамките на РКЕ ќе им даде приоритет на решавање. Во изминатиов период имаме укажување од потрошувачите дека добиваат високи сметки за електрична енергија за еден месец, а следниот месец добиваат само за улично осветлување.

Ние по овие претставки постапуваме веднаш, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

-Во исто време ги потсетуваме потрошувачите од категорија домаќинства дека Универзалниот снабдувач односно ЕВН Хоме не смее да ги исклучува од системот за електрична енергија ранливите потрошувачи во месеците декември, јануари и февруари поради неплатени фактури за испорачана електрична енергија. 

Ранливиот потрошувач има можност за одложено плаќање или плаќање на минимум шест еднакви рати доколку има доспеан долг.

Исто така, ранливиот потрошувач кој е заведен во евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика има право од ЕВН Хоме да бара да биде ослободен од обврска за плаќање на надоместок за повторно приклучување, како и бесплатно да му се направи вонредна верификација на мерната опрема, потенцираат од Регулаторната комисија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести