Тој рече дека ако го прашувале Ангелов, Чавков требало веќе одамна да е во затвор за неговите сторени криминали.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 март, 2019 17:00

Ако судството го прашувало Стојанче Ангелов, Чавков одамна требало да биде во затвор

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Генералот Стојанче Ангелов изјави дека поранешниот министер за внатрешни работи требало порано да биде притворен, после упатените критики од Александар Пандов кон актуелната власт.

Генералот Стојанче Ангелов упати остри критики до поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кој денеска беше осуден на 18 годишна казна затвор. Тој рече дека ако го прашувале Ангелов, Чавков требало веќе одамна да е во затвор за неговите сторени криминали.

Како што пишува порталот бриф.мк, ова го изјави Генералот Стојанче Ангелов денеска, откако пред неколку денови се појавија шпекулации во јавноста дека на неговата партија веќе и доаѓа крајот, со тоа што плакати виселе по бандери и барале 1000 потписи од граѓаните од Штип, да ја спасат неговата партија „Достоинство„

 „Дали лицата кои направиле криминал, не треба да бидат изведени пред лицето на правдата?

Ако мене ме прашувате, Митко Чавков требаше порано да биде во притвор. Затоа што реалната опасност да избега е голема, ако се земат во предвид сите околности. Ние можеме да дебатираме што сакаме, но судот донел една објективна одлука“, изјави Ангелов.

Митко Чавков се бранеше од слобода 316 дена откако му беше прифатена гаранција со вреден имот од 600.000 евра на 30-ти април минатата година.

Чавков се пријавување на сите рочишта, а беше приведен во полиција пред неколку денови од својот дом, на три дена пред објавувањето на пресудата.
Претходно на ист начин со „информации за можно бегство“ во притвор на барање на СЈО беа притворени Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести