Инаку овој статус следува откако веќе објави дека доколку специјалната обвинителка Катица Јанева ја осудат за случајот Рекет, тој ќе организира геј парада.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јули, 2019 0:48

Актерот Сашо Тасевски ќе го менува полот?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македонски актер Сашо Тасевски познат во јавноста како поранешен директор на Драмски Театар, на својот Фејсбук профил повторно сподели урнебесен статус. 

Фејсбук статус на актерот Сашо тасевски

Тој често пати знае да напише коментари со кои ја засмејува јавноста па така и сега, тој посочи дека доколку Македонија влезе во НАТО, ќе го смени полот.

Решив да влезам у поголем ризик. Ако влеземе во НАТО во декември, мењам пол. Ќе бидам Сашка Безтасевска.
Маци, вие акцијашите не го сфаќајте ова као напад на демократијата, него појше као временска прогноза, напиша Тасевски на Фејсбук.

Инаку овој статус следува откако веќе објави дека доколку специјалната обвинителка Катица Јанева ја осудат за случајот Рекет, тој ќе организира геј парада.

Ако го осудат Катето, ќе организирам геј парада у Аеродром, кајшто е најризично и издепилиран во црвена танга ќе скандирам: Нема правда, нема мир!

А веднаш потоа следувае уште еден урнебесен статус на Тасевски…

Мислев се истрчав ко реков у танга ќе шетам ако ја осудат Катица. Се опцув стопати… Ах шо ми требаше, сум го колнел денот во кој сум се родил. Сега викам ќе ја осудат, ќе ми вадат што сум рекол и ќе мора на геј парада на чело да бидам.

Ама имало Господ, пресов на Катица беше музика за моите уши. Нема да лежи. А ја ќе продужам да глумам мачо пред светот. Тангата само по дома.

 

 
 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.