Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во време кога државата како и целиот континент се соочува со економска и енергетска криза, наместо да понуди конструктивност, најавува нови засилени блокади, реагираат од владејачката СДСМ

Објавил: Мате Парлоф | 5 мај, 2022 5:40

Активната блокада на Собранието ќе стапи на сила во 10 мај, вели Николовски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски информираше дека ИК на партијата го прифати предлогот на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и најави активна блокада на Собранието по 10 мај.

Активната блокада ќе стапи на сила во 10 мај, а дотогаш ДУИ И СДСМ да размислат и да се отвори за дијалог и да прифатат лидерска средба. Ние имаме најмногу пратеници и градоначалници.

Волјата на граѓаните мора да се почитува. Сакаат да го понижат ВМРО-ДПМНЕ. Државата е во драматична ситуација. Доста е со чекање. Топката е сега кај СДСМ и ДУИ, да седнеме на лидерска средба и да го дефинираме датумот за лидерска средба. Имаат време нека размислат, изјави Николоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во време кога државата како и целиот континент се соочува со економска и енергетска криза, наместо да понуди конструктивност, најавува нови засилени блокади, реагираат од владејачката СДСМ.

-Очигледно е дека Мицкоски дејствува по наредба на неговиот шеф во Будимпешта, Никола Груевски, како што е очигледно дека ваквото засилено деструктивно однесување доаѓа само десеттина денови по објавената Црна листа на САД каде се најде и Груевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести